Преглед на пријава #12083



Пријава
07.04.2019 во 21:41:04

По поставувањето кабел за гасовод од улицата "Прилепска" кон "Дрварска" пред 2 години, има крпен асфалт што е понизок од главниот асфалт на пресекот на "Маршал Тито". При минување коли по вдлабнатината,во собите на нашата куќа(изградена 1958 год. и е без плочи)се`се тресе, дури и стаклата на регалот, како да има земјотрес. Не се доврши убаво ни асфалтирањето пред нашата куќа, има вдлабнатина што се полни до ѓубре, има дупчиња низ кои при дождови и снегови влегува вода под асфалтот (можеби оди и во темелите), оти почна и дома да имаме влага.Не ги вратија ни ивичњаците, иако директорот Блажо Милановиќ ми вети уште пред 1 година. Исто така,од тешката механизација ни го оштетија тротоарот што сами си го бетониравме од наш џеб, како и скалилото пред влезот на нашата куќа на ул. Дрварска 1. Сето тоа дополнително се разрони и разјаде од солта фрлена во зимата. Барам тротоарот, ивичњаците и асфалтот да се вратат во првобитната положба како пред 3 години, оти ние си реновиравме се`, а сега не се познава ништо и изгледа запуштено.

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
11.04.2019 во 15:15:16

Почитувани, Вашата пријава е проследена до надлежните служби,ќе добиете одговор во најкраток рок.

Назад