Преглед на пријава #11753



Пријава
16.01.2019 во 16:40:58

Почитувани, на булевар Гоце Делчев, пред КАМ маркет, секојдневно се паркираат камиони, поради кои нема прегледност ниту за возилата кои излегуваат од уличката пред КАМ маркет, ниту за возилата кои вртат лево-десно за во околните фирми, ниту пак оставааат место за луѓето или работниците кои се застанати и чекаат превоз за да патуваат до другите места. Камионите застануваат можеби на 15-30 минути, но бидејќи тоа се случува во текот на целиот ден и секој ден, мислам дека сепак претставува проблем. Ве замолувам да ми одговорите дали може да се постави знак за забрането запирање и паркирање во тој дел или пак нешто слично? Ви благодарам однапред. Со почит, Билјана.

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
17.01.2019 во 15:30:37

Почитувани, Вашата пријава е проследена до надлежните служби,ќе добиете одговор во најкраток рок.

Назад