Преглед на пријава #11443



Пријава
19.10.2018 во 17:27:25

Почитувани, пред некое време се стави нов слој асфалт врз веќе постоечкиот на улицата Ката Поцкова. Сега улицата е мазна и на прв поглед изгледа дека се е во ред... Но не е. Прво, овој дел од градот има проблем од поплавување. Сега, откако НОВИОТ слој од асфалт се стави, со тоа скоро се израмни со „ивичњаците”. Сега, дури и при најмал дожд, нашите подуми ќе се наполнат со вода. Решение? Второ, сите шахти скоро се затворија со асфалт и сега е невозможно да се отворат. Пред некое време имаше екипа која „изгреба” околу шахтите (како мачка која си ги остри ноктите), но НИШТО не направија. Барем не пред тие шахти кои се пред нашата зграда. Решение? Трето, имаше еден диво поставен „лежечки полицаец” кој заради асфалтирањето беше одстранет. Сега, повремено имаме испади на ДИВИ и БЕСНИ возачи кои си испробуваат колку нивните автомобили може да постигнат брзина. А на улицата имаме деца... Решение? ул. Ката Поцкова 110 Се надевам дека ќе ги решите проблемите кои со сакањето да ни направите убаво, ни отворивте нови. Имајте убав и благословен ден. Донче Велешанов п.с. се обидов да ве добијам на телефон, ама ми се јавува глас (на англиски) кој кажува дека има системска грешка.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
07.11.2018 во 15:27:34

Почитувани, Во врска со Вашата пријава од надлежните служби добивме одговор: -Во однос на пријавениот проблем за затворени шахти на улица Ката Поцкова во Струмица, по вградувањето на втор слој асфалт истите се во функција. ЈПКД Комуналец Струмица треба да врши редовно чистење и одржување на атмосферската канализација. -Во врска со барањето за поставувањето на лежечки полицаец,потребно е да се изработи сообраќајна студија за оправданост на истиот, заедно во координација со МВР СВР Струмица. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад