Преглед на пријава #11257



Пријава
24.08.2018 во 09:10:03

Почитувани, Ве молиме да го опомените сопственикот на дуќанот кој се наоѓа на самиот влез на пазарот Чешел на ул. „ Браќа Миладинови “,кој узурпира цел тротоар со тезги и чадори,а непродадената стока навечер ја остава на тротоарот, истата скапува и се шири непријатна миризба. Однапред Ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
27.08.2018 во 15:22:13

Почитувани, Почитувани Во врска со добиената пријава од Ваша страна која се однесува за узурпираниот тротоар од продавач на зеленчук Ве известуваме дека комуналниот инспектор има изврчено увид и ги има преземено сите мерки во рамките на своите овластувања. Со Почит Систем 48

Назад