Преглед на пријава #11211



Пријава
09.08.2018 во 12:43:07

Почитувани, Ве молиме доколку сте во можност да го опомените инвеститорот на објектот кој е во изградба на раскрсницата помеѓу ул.„ Дрварска “ и „ Тиверија“, да не фрла отпадоци од малтер и вода во канализационите и атмосферски шахти, бидејки ќе дојде до нивно запушување. Однапред Ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
14.08.2018 во 19:20:27

Почитувани, Во врска со добиената пријава од Ваша страна која се однесува фрлањето на отпадоци во шахта на ул.„ Дрварска “, Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица има извршено увид и ги има преземено сите мерки во рамките на своите надлежности. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад