Преглед на пријава #11159



Пријава
28.07.2018 во 21:34:15

Патот во месноста Софилар (после поранешно АТШ Берово) е катастрофа. Огромни дупки кои и при најмал дожд стануваат буквално бари преку кои пеш не може да се помине, а со автомобил исто така е тешко да се помине. Исто така целиот пат е обраснат со трње и капини, постои опасност од змии и разни други влекачи. До кога овој дел од градот ќе биде црна дупка за општината. Ве замолувам во името на сите граѓани од овој дел од градот за санација на истите барем да може да се движиме некако без да ги уништиме нашите автомобили и без да треба да имаме чамци за да поминеме пеш.

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
30.07.2018 во 16:41:42

Почитувани, Вашата пријава е проследена до надлежните служби, ќе добиете одговор во најкраток рок.

Назад