Преглед на пријава #10076



Пријава
10.11.2017 во 11:53:55

Почитувани, Ве замолуваме доколку сте во можност да интервенирате за кроење на повисоките гранки на дрво кое се наоѓа на раскрсницата на ул. „4-ти Јули “ и ул. „ Васил Сурчев “ и го попречува уличното осветлување. Бидејќи дрвото се наоѓа во приватен имот, а како граѓани не можеме ниту пак имаме можности сами да го извршиме кроењето, Ве молиме за Ваша асистенција. Однапред благодарни.

Статус: Решено
Тип на пријава: Паркови и зеленило
Одговор
10.11.2017 во 18:55:18

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека:Кроењето од горенаведената локација е извршено од страна на екипа на ЈПКД „ Комуналец “ Струмица. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад